Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОЈДЕ ДО 350 АКЦИИ – Коста Котески го зголемува акционерскиот пакет во „Реплек“
Економија

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОЈДЕ ДО 350 АКЦИИ – Коста Котески го зголемува акционерскиот пакет во „Реплек“

09/10/2024

AA

Директорите и членовите на бордовите во успешните компании постојано ккупуваат акции од друштвата со кои раководат. Тоа се вика доверба во биснисот, доверба во стабилноста и доверба во перспективите на компанијата.

Во последно време акции од фармацевтската компанија „Реплек“ купува членот на Управниот одбор, Коста Котески.

Ако тој пред околу седум-осум месеци поседувал само 30 акции на „Реплек“, сега тој, купувајќи постепено по неколку акции, располага со 350 акции на компанијата.

Имено, „Реплек“, како и секогаш транспарентно известува кој од менаџерите или од поголемите сопственици колку акции купил и со колкав процент од акциите располага, па така информираа дека Котески во најновиов период се стекнал со 10 акции, и сега поседува 350.  

„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува дека членот на Управен одбор Коста Котески се стекна со 10 нови акции, при што вкупно поседува 350 обични акции“, се вели во објавата до инвеститорите. 

Ако се види колкава цена таа акција достигнала на последното тргување на Берзата на редовниот пазар, ќе се заклучи дека овие 350 акции на Котески вредат 84 илјади евра. 

На 6 април годинава, на пример, Котески располагал со 30 акции. 

Во моментов сопственичкатга структура е следна. Душан Пецовски, извршен директор и претседател на Управен одбор поседува 12,19 отсто од вкупниот број на акции, а неговиот брат Владимир Пецовски има 6,34 отсто од вкупниот број на акции.

Додека, пак, бизнисменот Зоран Азманов постепено го продава својот акционерски капитал во оваа компанија, бидејќи, како што тој неодамна изјави за Фактор, сака своите средства да ги повлече од акции и да ги инвестира во градежниот бизнис, што всушност е негов фах уште од стартот на неговата деловна кариера. Неодамна неговата компанија Настел ДООЕЛ продаде нови акции, и сега поседува 8,39 отсто од капиталот. 

А, Реплек неодамна изврши поделба на акциите, односно една акција ја подели на 10 со иста вредност, со цел да привлечат повеќе инвеститори.

Оттаму објаснија дека нивните очекувања се дека на овој начин акцијата на „Реплек“ ќе стане подостапна за различен тип на акционери, што, пак, ќе доведе до разигрување на пазарот на капитал.

Други акционери се фирмата Ситко Антонио со 6,37 отсто, лабораторијата Биотек има 6,3 отсто, а пензискиот фонд Сава поседува 6,4 проценти од обичните акции на таа компанија.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46657
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА Кочанец 3 месеци демнел жена

08/11/2026

Жена од Кочани 3 месеци била изложена на демнење и закани со објавување експлицитни фотографии и видеа, кои биле тајно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy