Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чиј бројчаник врти најјако? Кој битолчанец наплаќа 2.640 евра на час од РЕК Битола?
Економија

Чиј бројчаник врти најјако? Кој битолчанец наплаќа 2.640 евра на час од РЕК Битола?

06/12/2023

AA

Час работа за еден булдожер на „Марковски компани“ во РЕК Битола чини 264 евра. Сите 10 ангажирани булдожери на Борче Марковски на час му носат приход од 2.640 евра што го плаќа најголемиот производител на струја во земјава. Во редовни услови за еден ден редовна работа (8 часа) „Марковски Компани“ за сите 10 булдожери од РЕК Битола ќе наплати 21.120 евра! Ова е втор тендер во иста година што Борче Марковски го добива во РЕК Битола за ангажман на неговите 12 булдожери. РЕК Битола има само 2 булдожери и не купува нови, но за двата тендери на Марковски ќе му плати до 15,7 милиони евра

РЕК Битола склучи нов договор за ангажман на булдожери – гасеничари. И овој пат работата ја доби битолската фирма „Марковски компани“. За потребите на рудниците од кои РЕК Битола црпи јаглен „Марковски компани“ во период од 18 месеци ќе треба да стави на располагање 12 булдожери (со сила на моторот од барем 380 мегаватчасови).

Договорот е вреден 9,21 милиони евра кои „Марковски компани“ ќе ги наплати ако неговите булдожери изработат 3.488 часови во рудниците од кои најголемиот македонски производител на струја црпи јаглен од чие согорување прави електрична енергија. Ако работат сите 10 булдожери по 10 часа секојдневно, сите пари од договорот „Марковски компани“ ќе ги наплати за нешто помалку од една година.

Оваа година ова е втор тендер за ангажман на истите булдожери. И кон крајот на јануари годинава РЕК-о (како што во сленг го именуваат битолчани) ги ангажираше булдожерите на Борче Марковски во тендер вреден 6,5 милиони евра.

Ако се оди како што треба и ако РЕК Битола ги потроши сите часови по тендерот Борче Марковски од неговите булдожери преку неговата фирма „Марковски компани“ само од РЕК Битола во период од 2,5 години ќе наплати до 15,7 милиони евра!

РЕК Битола од „Марковски компани“ ангажира механизација за потребите на рудниците затоа што има само два свои булдожери!

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста праша колку сопствени машини со спецификации како во тендерот има. Ова е нивниот одговор: АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола има на располагање само 2 сопствени машини со наведените спецификации во описот на јавната набавка и тие се активно вклучени во производствениот процес.

РЕК Битола не купува нови булдожери туку втора година по ред ја ангажира битолска фирма на која ќе и плати до 15,7 милиони евра доколку во целост се ангажираат булдожерите. Според познавачите на пазарот на овие тешки градежни машини со тие пари РЕК Битола можела да набави барем 10 нови булдожери по сегашни цени.

На последниот тендер чиј договор е достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/5616c844-96dc-4ff8-8d2f-47e55f36a591 стигнале две понуди. „Марковски компани“ дал подобра понуда од другата конкурентска компанија.

На тендерот во јануари пак „Марковски компани“ бил единствен понудувач. Интересно е тоа што на тој тендер иако бил сам понудувач цената за еден работен час била пониска за 2 евра од последната цена (од 27 ноември) која изнесува 264 евра за еден час работа на една машина на Борче Марковски.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy