
Четири активни пожари во Македонија, пет под контрола
На територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои:
4 активни
5 под контрола
18 изгаснати
АКТИВНИ: 4
1. Општина Василево: с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и сува трева)
2. Општина Македонски Брод 1: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
3. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА: 5
1. Општина Желино: с. Желино према Еребино (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод: с. Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација)
3. Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
4. Општина Свети Николе: с. Орел – с. Ѓуѓанци (смреки и ниска вегетација)
5. Општина Старо Нагоричане: с. Орах (сува трева)