Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Понеделникот дошол на работа, вторникот заминал на одмот новиот директор на Националната галерија
Македонија

Понеделникот дошол на работа, вторникот заминал на одмот новиот директор на Националната галерија

19/07/2025

AA

Вработените во Националната галерија на Македонија реагираат остро на изборот на новиот директор Али Синани, сликар од Гостивар, кој според нив нема ниту искуство, ниту познавање од музејската дејност, што ја оценуваат како клучна за раководење со институцијата. Иако не сакаат да зборуваат пред камера, во соопштение до јавноста побараа Министерството за култура и туризам да ја поништи одлуката и да спроведе нова, транспарентна постапка.

Според нив, Синани ниту соработувал со галеријата, ниту со други сродни институции, а неговиот прв работен ден бил, како што велат, алармантен. Тој побарал службено возило, назначил заменик-директор и веднаш заминал на одмор – иако таа функција не постои во статутот на институцијата. Дополнително, не прецизирал за што точно е неговиот докторски труд, кој го одбранил во Нови Пазар, и покажал нејаснотии околу основните одговорности на директорската функција.

Синани, кој долги години живеел и работел во Швајцарија, изразил желба да донесе странски уметници во галеријата, но вработените го информирале дека за тоа одлучува институцијата преку повеќе тела.

„Изборот на лице без стручност, без основни познавања за заштита и конзервација, го доведува во прашање целокупното работење со колекцијата од над 3.300 уметнички дела и управувањето со четирите објекти со статус на културно наследство: Даут-пашин амам, Чифте амам, Спомен куќата на Лазар Личеноски и Мала станица“, стои во реакцијата на вработените.

И тројцата противкандидати на Синани побарале од Министерството увид во целата конкурсна документација. Од Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) велат дека ситуацијата е идентична со онаа од март годинава, кога реагирале за изборот на директор во Македонската филхармонија.

„Доколку министерот навистина сака силни културни институции, тогаш мора да разбере дека директорите не смеат да се избираат врз основа на политичка или етничка припадност, туку според стручност, визија и искрена посветеност на културата“, порачаа од СКРМ.

Од Министерството за култура и туризам засега немаат дадено коментар по овие реакции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
Македонија

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026
Македонија

Петок неработен ден за православните верници

24/08/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 83-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Трајан последен пат виден во Кисела Вода

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45225
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026

Сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин поради активен пожар кој избувна во близина на коловозот. На

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж: Активни неколку жаришта во земјава

24/08/2026

Скопје денеска беше обвиено со чад и мирис на гареж, додека активните пожари во околината на главниот град продолжуваат да

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026

Жителите на велешките села Иванковци и Кумарино не смеат да ја користат водата од селските водоводи за пиење, соопштија денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy