Челси си ги шокира навивачите – направи дресови во боите на знамето на Унгарија (ФОТО)
Инспирацијата се гостинските дресови кои фудбалерите на овој тим ги носеле во 1974 година, а ги имаат боите на унгарското знаме во чест на Дејв Секстон, фудбалер на Челзи од 50-тите години на минатиот век, кој, пак, бил голем фан на најсилната унгарска генерација на сите времиња.
Ваквиот избор не беше добро прифатен од навивачите, кои веднаш почнаа со критики на социјалните мрежи. Според многумина, ваквиот избор на бои значи и отворена поддршка за Палестина, иако од клубот се обидоа да објаснат дека изборот на дресот нема никаква политичка позадина ниту пак поврзаност со конфликтот во Појасот Газа.