Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали навистина се спремаат групи за напад на Косово?
Регион

Дали навистина се спремаат групи за напад на Косово?

25/10/2023

AA

Косовските власти велат дека е можен нов напад на Косово. 

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља изјави дека има разузнавачки информации дека во Србија „и други групи се обучуваат за можни напади на Република Косово“, пишува Коха, пренесе КоСсев.

Свечља изјави дека покрај Милан Радоичиќ, во очекуваните напади ќе учествува и Звонко Веселиновиќ. Тој најави дека овие групи се обучуваат во воени бази околу границата со Косово.

„Имаме разузнавање дека се обучуваат и други групи, дека не само Радоичиќ, туку и Веселиновиќ ќе бидат дел од идните напади доколку дозволиме да се случат, со единствена цел да предизвикаат нова ситуација на теренот каде што позицијата на Србија би се подобрила во нивната цел да го уништат Косово“, рече Свечља.

Министерот за внатрешни работи додаде дека Косово ќе ги исполни сите процедури за да побара екстрадиција и судење на Радоичиќ пред судскиот систем на Косово.

Свечља рече дека државата Србија, Владата и претседателот на Србија, Александар Вучиќ се одговорни за нападот што се случи во Бањска на 24 септември.

„Тие ја планираа, регрутираа, тренираа, вооружуваа и ја донесоа оваа терористичка група до границата, што беше само еден бран на терористи кои планираа да влезат во Косово. Имаше друга група во Косово“, рече министерот. 

Заменик-директорот на косовската полиција на север Ветон Ељшани денеска потврди дека на север се спроведува рација и дека претресите се поврзани со терористичкиот напад во Бањска на 24 септември.

Покрај возилата на косовската полиција, видливи се и возила на ЕУЛЕКС. Меѓу објектите во кои била спроведена рацијата е и зграда во близина на Економскиот факултет во Косовска Митровица.

Припадник на косовската полиција загина кога околу 30 вооружени напаѓачи ја нападнаа полицијата во Бањска. Во судирите што следеа беа убиени четири напаѓачи. Одговорноста за организацијата на вооружената група ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44938
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често

09/08/2026

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy