
Челси се распадна во второто полувреме, Фламенго предизвика делириум кај навивачите (ВИДЕО)
Лондонскиот тим беше во предност по првиот дел, по голот што го постигна Нето во 13. минута, но се смени за краток период во продолжението. Два момента беа клучни за пресвртот: влегувањето во игра на Бруно Енрике и црвениот картон на Николас Џексон.
Енрике влезе во игра во 56. минута, шест минути подоцна го израмни резултатот, во 65. му асистираше на Данило за 2-1. Обратен ефект имаше Џексон кој влезе во игра во 64. минута, а четири минути подоцна мораше да замине во соблекувална откако поради груб старт беше исклучен. Со фудбалер помалку, Челси во финишот прими уште еден гол, дело на Јан Волис.
Во вториот натпревар од вечерашната програма, а кој беше прекинат поради најава за невреме, Бенфика го совлада новозеландскиот Окленд со 6-0. Ди Марија погоди два пати од пенал, Бареиро два пати од игра, а по еднаш стрелаа Павлидис и Санчес.