
Челси продолжи да маршира во Конференциската лига (ВИДЕО)
Лондонските „сини“ вечерва не се потрошија многу, но сепак го совладаа Копенхаген со 1-0 и со вкупни 3-1 обезбедија пласман во четвртфиналето. Кирнан Дјузбери Хол го постигна победничкиот погодок за Челси кој имаше и малку несериозен пристап на овој натпревар.
Во четвртфиналето, Челси ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Легија и Молде кои играат продолженија, а се чини дека до финалето, премиерлигашот нема сериозен ривал.