
Челси купи голем талент на Евертон за четири милиони фунти
Овој 17-годишен фудбалер потпишал тригодишен договор со „сините“ и летово ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, а потоа најверојатно ќе биде испратен на позајмица.
Челси се обидел да го купи и минатото лето, меѓутоа не можел да се договори со Евертон за висината на отштетата.
