
Чави нема мир: Уште една ѕвезда на Барселона мора да паузира!
Голманот Марк Андре Тер Штеген сè уште не тренира со екипата откако почувствува болка во грбот и го напушти кампот на Германија.
Каталонските медиуми пишуваат дека сè поголеми се шансите Тер Штеген да паузира и да го пропушти натпреварот против Рајо Валјекано, кој е закажан за сабота.