
ЦЕНТАР ГО СКРШИ МРАЗОТ: Три училишта добиваат фотоволтаични системи
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, објави дека три училишта во општината, ќе добијат фотоволтаични системи.
„„КИРО ГЛИГОРОВ “, „11 ОКТОМВРИ “ И „ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ “-се првите три училишта каде ново отвореното ТД „Енергија Центар“ ќе ги постави првите фотоволтаични централи.
По нивно поставување:
Училиштата ќе добијат намалени сметки за струја,
Поголеми заштеди од продажба на вишоците ел. енергија,
Поголеми инвестиции во нови проекти.
Општина Центар ги носи иновациите за добро на граѓаните.“ напишта тој на својот фејсбук профил.