Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цените на нафтата повторно пораснаа – втора недела по ред
Економија

Цените на нафтата повторно пораснаа – втора недела по ред

23/10/2023

AA

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, втора недела по ред, главно поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да го наруши снабдувањето со нафта од таа област.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 1,4 отсто, на 92,16 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,2 отсто, на 88,75 долари.

Цела недела цените варираат во зависност од вестите за ситуацијата на Блискиот Исток. Кога веста укажа на ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, цената на нафтата порасна. И кога се чинеше дека тензиите се намалуваат, цените би биле под притисок.

Израел со денови најавува копнена инвазија на Газа, но засега ништо од тоа. „Цените на нафтата значително пораснаа поради индициите дека наскоро би можела да дојде до израелска копнена офанзива во Појасот Газа. Но, ситуацијата со понудата досега не е променета“, напишаа во петокот аналитичарите на Комерцбанк во преглед на состојбата на пазарот.

Од друга страна, на цената на нафтата негативно влијаеше најавата дека САД ќе ги ублажат санкциите кон Венецуела и ќе овозможат враќање на нејзината нафта на светските пазари. Вашингтон издаде шестмесечна дозвола за трансакции со венецуелскиот енергетски сектор откако владата во Каракас и опозицијата се договорија за избори во 2024 година.

Но, на Венецуела, велат аналитичарите, ќе и треба време да го зголеми производството, поради слабите инвестиции во овој сектор во последните години. По растот две недели по ред, цената на барелот на лондонскиот пазар поскапе за повеќе од 7 отсто во однос на почетокот на годината, а на американскиот пазар над 10,5 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45712
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува

21/09/2026

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy