
ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПАДНАА – АМА ЗАТОА ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Европските берзански индекси во пораст!
Европските берзански индекси денеска се во пораст, а истовремено е забележан пад на цената на нафтата и скок на цената на златото.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:15 часот порасна на 15.974,75 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 – на 7.495,53 поени, францускиот CAC 40 – на 7.268,79 поени, а московскиот MOEX – на 3,23 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 35.088,29 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 – на 4.538,19 поени и вредноста на индексот Nasdaq – на 14.199,98 поени.
Според податоците од берзата, цената на суровата нафта падна на 77,665 долари за барел, како и цената на нафтата од типот брент – на 82,282 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 44.550 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.000,96 долари за унца, како и цената на пченицата на 5,5619 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08979, што е приближно исто како и вчера.
