Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПСЖ потроши 222 милиона евра за да го купи Нејмар – повреден!
Спорт

ПСЖ потроши 222 милиона евра за да го купи Нејмар – повреден!

23/11/2023

AA

Бразилската суперѕвезда Нејмар во 2017 година го оствари најскапиот трансфер во историјата на фудбалот откако за 222 милиона евра од Барселона се пресели во ПСЖ.

Со оглед на неговите квалитети и фактот што тогаш имаше 25 години, јасно е зошто „светците“ платија толкава сума да го донесат во своите редови, но шест години подоцна на површина излегуваат работи кои клубот и фудбалерот не ги објавија тогаш. Францускиот спортски весник Лекип објави дека ПСЖ го купил и покрај тоа што во тој момент Нејмар бил повреден, а се повика на изјава на тогашниот доктор на тимот Ерик Ролан.

„Повредата беше детектирана на лекарските прегледи и јас предложив Нејмар да оди на операција. Сепак, тоа ќе предизвикаше неколкумесечно отсуство од терените и клубот и фудбалерот одбија таква можност. Во тој период повредата не беше страшна, но таа предизвика подоцна Нејмар почесто и потешко да се повредува“, изјави Ролан.

Шесте сезони на Нејмар во ПСЖ ги одбележаа долги отсуства од фудбалските терени, а Бразилецот не покажа ништо од својот потенцијал поради кој францускиот гигант го направи најскап фудбалер на сите времиња. Летово Нејмар беше продаден на саудискиот Ал Хилал за 90 милиони евра, но неодамна доживеа тешка повреда поради која нема да игра до крајот на сезоната.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy