
Цената на струјата ќе се покачи за 27% ако се прифатат сите барања на енергетските компании
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски денеска на прес конференција истакна дека почнуваат анализите за цената на струјата.
Тој додава дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, бидејќи иако поднеле барање, дел од нив не се целосни бидејќи тендерот за набавка на струја за покривање на загубите на МЕПСО се уште не е реализиран.
„Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок“, рече Бислимовски.
Како што вели, согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти.
„ЕСМ понудил 57 евра наместо 53 евра за мегават час и наместо обезбедување на 100% од вкупните потрошувачи, ќе се обезбедат 95% за малите домаќинства. Според нашите првични пресметки, доколку се прифатат барањата од сите, зголемувањето на електрична енергија би изнесувало 27%“, вели Бислимовски