Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Ефективните механизми за алтернативно решавање спорови се од особено значење за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ
Македонија

Маричиќ: Ефективните механизми за алтернативно решавање спорови се од особено значење за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ

12/12/2023

AA

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања учествуваше на денешната конференција „Политики за промоција на арбитража и медијација во Северна Македонија“, организирана од страна на Европа Институтот од Заарланд, Германија и Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје кој се одржа во Секретаријатот за европски прашања.

За почеток Вицепремиерот се заблагодари до германската амбасадорка Петра Дреклсер, значајниот меѓународен сојузник и пријател Германија и германското Сојузно министерство за образование и истражување, кое го финансира овој меѓународен научен проект за промоција на механизми на алтернативно решавање спорови во Република Северна Македонија.

Тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија е целосно посветена на евроинтеграцијата на земјата и нејзината севкупна подготвеност за преземање на обврските од полноправно членство во 2030 година. Исклучителен партнер на Владата во овој процес е секако академската заедница, чие објективно согледување на недостатоците во нашето законодавство и потребата истото да се унапреди е секогаш драгоцено и поттик за преземање на мерки за отстранување на утврдените недостатоци.

Ефективните механизми за алтернативно решавање спорови се од особено значење за процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија од неколку причини.

Една од нив е влијанието на алтернативното решавање на спорови на подобрувањето на ефикасноста на судскиот систем преку намалување на бројот на спорови пред националните судови.

Токму механизмите за алтернативното решавање на спорови, се составен дел на сите модерни и ефикасни европски правни системи.

Медијацијата и арбитражата, се значаен столб за подобрување на пристапот до правдата, овозможувајќи им на бизнисите во Северна Македонија побрз, а честопати поевтин и пофлексибилен начин за решавање споровите во споредба со традиционалниот судски начин на решавање на спорови. Ова не само што ја подобрува севкупната ефикасност на судскиот систем, туку дополнително го зацврстува владеењето на правото и правната сигурност.

Вицепремиерот истакна дека Европската Унија во своите годишни извештаи за напредокот во Северна Македонија ја истакнува потребата Северна Македонија, релевантните комори и чинители да продолжат да вложуваат напори за промоција на медијација, арбитража и другите методи за алтернативното решавање на спорови.

Со оглед на тоа дека првиот Кластер: Темели е оној кој прв се отвора и затвора во процесот на преговорите со Европската Унија, алтернативното решавање на спорови добива дополнително значење за земјата. Во крајна линија, целта на оваа Владата е градење ефикасен и независен судски систем и подобрување на пристапот до правдата.

Ефикасното алтернативно решавање на спорови поттикнува странски инвестиции и влијае позитивно на довербата на бизнисите во правниот систем во Северна Македонија. Затоа, создавањето на конкурентна економија и привлекување странски инвестиции зависи во голем дел и од достапните механизми за алтернативно решавање на спорови.- рече Маричиќ.

За крај вицепремиерот ја објасни важноста на денешната конференција е важна за државата и нејзиниот евроинтеграциски процес и со нетрпение очекуваме да ги слушнеме препораките за политики за унапредување на алтернативното решавање спорови во Северна Македонија.

Стратешката определба на оваа Влада е јасна, и реална – полноправно членство во Европската Унија до 2030 година. Со самото членство, бизнис секторот во Северна Македонија ќе биде вклучен во зголемен број прекугранични трансакции и соработки, а методите на алтернативно решавање на спорови можат да придонесат кон стабилноста на меѓународните односи и трговската размена на земјата.

Се наоѓаме на клучна точка во хронологијата на нашиот процес за членство во Европската Унија.

Затоа од големо значење е да ја искористиме без дилема, без грижи и без страв оваа шанса. Убеден сум дека со спроведувањето на реформите, со користење на помошта која ја добиваме од ЕУ ќе успееме да придонесеме за просперитет на државата и граѓаните.

Уверен сум дека со мнозинството македонски граѓани кои сакаат да ја видат Северна Македонија во Европската Унија во 2030 година и со Влада која дели европски вредности, која системски ги решава и гради политиките на добро владеење, отчетно и плански, можеме да ја обезбедиме европската иднина за сегашните и идните генерации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45922
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски порача дека нема да се

01/10/2026

Политиката на проширување на Европската Унија е клучна за демократската трансформација, владеењето на правото и унапредувањето на добрососедските односи, а

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија и Италија ќе разменуваат искуства

01/10/2026

Време е законите целосно да почнат да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА ДЕКО МУ СЕ СЛОШИ Тензично

01/10/2026

Во тензична атмосфера се одвива денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое бранителите на 34 обвинети

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy