Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинските службеници на Богородица спречиле големо криумчарење на сребрен накит од 430.880 денари
Македонија

Царинските службеници на Богородица спречиле големо криумчарење на сребрен накит од 430.880 денари

30/04/2025

AA

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит е запленет, а до едно лице е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.

Имено лицето во вечерните часови пред полноќ, на влез на граничниот премин се пријавил со туѓ автомобил за што имал одобрение за управување. Поради сомневање селектиран е за детална контрола, при што во фабричките празнини зад предните бришачи, како и во фабричката празнина зад фиоката пред совозачкото седиште пронајдени се 387 парчиња нараквици, 134 пара обетки и 759 ланчиња. Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги од каде е поднесена кривична пријава.

Царински службеници на граничен премин Дојран спречија обид за нелегален внес на девизи, при што запленети се 9.250 евра. Имено при контрола на автомобил со странски регистарски таблички управуван од грчки државјанин царинските службеници пронашле 19.250 евра, при што согласно Законот за девизно работење му се вратени 10 илјади евра, а останатите се запленети.

На граничен премин Табановце во изминатиот период беа спречени обиди за криумчарење злато, лаптопи како и друга вредна стока:

Странска државјанка се обидела со изнајмен автомобил во кој патувала како сопатник да шверцува златен накит вреден 600 илјади денари. Во обидот е спречена од царинските службеници, кои при контрола на автомобилот во чантата во нејзина сопственост пронајдоа разновиден златен накит со тежина од 200 грама. Станува збор за една круна, ланче со три монети, ланче со седум монети, две ланчиња со пет монети, ланче со единаесет монети и две нараквици. Против неа е поднесена кривична пријава.

Царинската служба за мобилен скенер на влез во државата на граничен премин Табановце, заплени 284 парчиња облека, откако истите ги пронајде при контрола на камион со бугарски регистарски таблички. Случајот е откриен откако при скенирање на камионот со мобилен скенер е утврдено дека во камионот има неправилности, по што е направена физичка контрола и се пронајдени непријавените парчиња облека. 

Во друг случај на царинска испостава Табановце мобилен царински тим заплени и 1.500 пара чорапи со потписот на „Најк“ откако истите ги пронајде при контрола на камион пријавен за транзит. При контрола на камионот е утврдено дека покрај останатата стока која била уредно декларирана има и стока која воопшто не била опфатена со царинските документи.

Струмичанец се обидел да криумчари во државата 6 употребувани велосипеди, 13 употребувани лаптопи, 2 компјутери за мотор и 30 крстачи за кардан. Во обидот е спречен од мобилен царински тим кој при контрола на комбето со кое управувал ја откри непријавената стока. Имено на прашање на царински инспектор дали има нешто да пријави лицето одговорило дека има скара, скала, агрегат, прскалка, при што поради сомневање е селектиран за контрола и во четири вреќи и патни торби се пронајдени непријавените производи.

Скопјанец се обидел преку граничен премин Табановце во државата да шверцува 180 парчиња различни шминки, над 40 парчиња женски шорцеви, како и разна друга стока. Во намерата го открија царинските службеници кои поради сомневање го селектираа за детална контрола при што во патничкото комбе со кое управувал се пронајдени непријавените производи за кои требал да плати давачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен најави модернизација и 10-годишни договори

14/02/2026

Ова е историски најголем буџет за одбрана издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години во Македонија. Благодарност

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy