Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинска управа: Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони, шафран и маџун
Магазин

Царинска управа: Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони, шафран и маџун

17/02/2024

AA

Спречени се обиди за криумчарење на икони, цигари, стоматолошка опрема, 100 тегли маџун и пет килограми зачин шафран чија цена е 1.500 евра од килограм, што во различни случаи лица се обиделе нелегално да ги внесат во државата. Стоката во сите случаи е запленета, а против лицата се поднесени соодветни пријави, информираше денеска Царинската управа.

На граничниот премин Богородица царинските службеници спречиле обид за нелегално внесување на црковни предмети меѓу кои и 51 икона, свеќници, нараквици со монистри како и 260 килограми темјан, со проценета вредност од 140 илјади денари, при што е избегнато плаќање на царински давачки од 50 илјади денари. Црковните предмети се пронајдени во камион со регистарски таблички од Босна и Херцеговина, управуван од босански државјанин, кој транзитирал преку нашата држава од Република Грција кон Република Хрватска и превезувал спортска опрема. Непријавените црковни предмети се пронајдени во товарниот дел на приколката помеѓу декларираната стока.

 

Во друг случај на граничниот премин Меџитлија, царинските службеници спречиле два одделни обида за нелегално внесување непријавени цигари во државата. Во двата случаја се откриени вкупно 28 штеки со цигари во две товарни моторни возила со македонски регистарски таблички и управувани од македонски дравјани, од ист превозник. И двата камиони биле натоварени со кварцен камен – стока наменета за транзит. Во двата случаи штеките со цигари се пронајдени скриени во кабините на возачите, во просторот на горниот кревет, покриени со јакни и лични предмети.

На влез на Деве Баир, пак, при контрола на патничко моторно возило со косовски регистраски таблички во багажот на возилото се откриени 100 тегли маџун коишто патниците не ги пријавиле.

При контрола на возило на царинска испостава Делчево е пронајдена и стоматолошка опрема која возачот ја сокрил во џебовите од јакната и во пределот зад предните седишта кои биле сокриени во мали кеси и кутии спакувани во книжна кеса со облека.

 

Во еден случај се запленети и пет килограми сув кршен шафран ,,KIAM GOHAR” коишто царинските службеници на влез на Табановце ги откриле при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички. Шафранот е откриен околу предните седишта, во хартиени кеси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД

11/11/2026
Македонија

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ

11/11/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ

11/11/2026
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ

11/11/2026
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ

11/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА БЕШЕ СОЛВЕНТНА ПРЕД ВОВЕДУВАЊЕТО АДМИНИСТРАЦИЈА, СО ДОБРО КРЕДИТНО

11/11/2026
Македонија

ВЛЕН БАРА ИСТРАГА ЗА ТРАНСАКЦИИ ВО АЛТА БАНКА НА ФИРМА

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46736
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД НЕДОСТИГ НА ПРАВДОЉУБИВОСТ Граѓаните се

11/11/2026

Лошите резултати во правосудството не се поради буџетот на судството и обвинителството, смета премиерот Христијан Мицкоски. – Јас можам да

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА „Соработуваме со ЕУ,

11/11/2026

Исламскиот Младински Форум реагира на информацијата дека Кривичниот суд во Каиро, Египет, ја прогласи оваа граѓанска организација од Македонија за

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС До сабота топло,

11/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy