Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦАРИНА ПОСТАВИ РЕКОРД: јули со највисока наплата на приходи од постоењето
Економија

ЦАРИНА ПОСТАВИ РЕКОРД: јули со највисока наплата на приходи од постоењето

01/08/2024

AA

Царинската управа во јули наплатила вкупни приходи од 11,9 милијарди денари, односно 195 милиони евра, што е за 16,6 отсто повисок износ во споредба со истиот период во 2023 година. Управата соопшти дека ова е највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од нејзиното постоење. 

Директорот Бобан Николовски во допис до медиумите истакнува дека уште на првиот ден од неговото назначување на раководната функција ветил, како што вели, „испорака на видливи и брзи резултати“.

– Оваа порака ја споделив со сите вработени во Царинската управа и побарав максимален ангажман од нивна страна и професионализам на сите нивоа. Првите резултати ги гледаме денес, кога бележиме рекордно највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од постоењето на Царинската управа. Овој резултат нека биде мотив за сите царински службеници за уште поголеми напори за подобри резултати во сите сфери на царинското работење и во иднина – наведува Николовски. 

Царинската управа во соопштението посочува дека останува фокусирана на преземање мерки и активности во насока на зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки.

-Тоа ќе резултира со подобрување на состојбата на буџетот на државата, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните – се наведува во соопштението објавено на нивната веб страна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот

05/09/2026
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
Македонија

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45482
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот кај Грачани

05/09/2026

Жителите на Скопје повторно можат да почувствуваат мирис на чад, откако ветерот над Скопска Црна Гора го насочи чадот од

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта, пет се ставени под контрола

05/09/2026

Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) направен попладнево до 18:00 часот, противпожарните екипи ширум земјава се

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен – Ангелов: Силите се преморени

05/09/2026

Нова серија пожари денеска ја стави на сериозен тест противпожарната служба во земјава. На отворен простор се регистрирани повеќе од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy