Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ц. Звезда ни доаѓа со „српскиот Меси“ и со тинејџерот кој може да заигра за Македонија!
Спорт

Ц. Звезда ни доаѓа со „српскиот Меси“ и со тинејџерот кој може да заигра за Македонија!

16/04/2025

AA

Српскиот фудбалски шампион Црвена ѕвезда веќе пристигна на скопскиот аеродром, подготвен за вечерашниот пријателски хуманитарен натпревар за настраданите во пожарот во Кочани против најтрофејниот македонски клуб, Вардар (20 часот), кој ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ и привлекува големо внимание кај домашната публика па се очекува повеќе од 25.000 гледачи на трибините.

Во составот на белградскиот клуб се наоѓаат 20 фудбалери, меѓу кои се и талентираните Андрија Максимовиќ и Василије Костов, кои се сметаат за иднини ѕвезди на црвено-белиот гигант, па разбирливо е што предизвикуваат најголем интерес кај македонската публика. Првиот, кој е наречен „српскиот Меси“, има само 17 години, но веќе е важен дел од тимот. На последното дерби против Партизан постигна гол од пенал и беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, а неговата вредност изнесува 10 милиони евра.

Шеснаесетгодишниот Костов, пак, неодамна дебитираше во српската лига против ОФК Београд, игра на позицијата среден ред и потекнува од младинската школа на Црвена ѕвезда. Посебен интерес предизвикува фактот што поседува и македонско државјанство, што отвора можност во иднина да настапува за македонската репрезентација. Сепак, негов настап за Македонија изгледа малку веројатен, бидејќи Србија веќе го има вклучено во својата репрезентација до 19 години.

Покрај нив, во тимот на Црвена ѕвезда се и Омри Глазер, Иван Гутеш, Вељко Милосављевиќ, Милан Родиќ, Јунг Ву Сеол, Ебенезер Анан, Страхиња Стојковиќ, Мамаду Фал, Кеимер Сандовал, Раде Круниќ, Тими Макс Елшник, Гелор Канга, Јован Шљивиќ, Ѓорѓе Ранковиќ, Лука Илиќ, Александар Катаи, Бруно Дуарте и Урош Сремчевиќ.

Целиот приход од овој меч ќе оди во фондот за помош на загинатите и повредените во Кочани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy