Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУНАР БЕЗ ДНО: Владата му префрли вонредни 16 милиони евра на МЖ Транспорт
Економија

БУНАР БЕЗ ДНО: Владата му префрли вонредни 16 милиони евра на МЖ Транспорт

23/11/2023

AA

Владата на 10 ноември му исплатил вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници – Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие убедливо рекордни досега 962.913.000 денари за железничкото претпријатие се пари кои ги добива наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.

Ова е убедливо највисока ваква сума што Владата му ја исплаќа на МЖ Транспорт, откако и лани пред крајот на годината легнаа 3,3 милиони евра, или поточно двесте милиони денари, за да може да го плати долгот кон ЕВН поради кој дојде до кратко исклучување на електричната енергија.

„Би го поставил и прашањето дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави ова претпријатие и дали ние како Влада сме задоволни, но сите сме согласни дека ова претпријатие не си ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. И токму поради тоа во Собранието е законот за либерализација на превозот и очекуваме по изгласувањето на овој закон, да им се отвораат вратите на други оператори од регионот, кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги“, изјави претходно министерот за транспорт и врски Бочварски.

Владата претходно со одлука на седница одлучи овие 16 милиони евра на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје да му ги даде преку 4-та емисија на акции по пат на приватна понуда. Со четвртата емисија, претпријатието издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција. 

МЖ Транспорт за струја им должи на сите енергетски компании, на ЕВН, МЕПСО и на ЕСМ. Со новите пари од буџетот овој пат, освен сметки за струја, ќе ги враќа и позајмиците, кои државните електрани константно ги даваат во железница за да можат да делат плати. Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека на ова претпријатие мора да му се помага да фунkcионира затоа што е од јавен интерес, без разлика што не работи рентабилно.

На листата на должници постојано е на врвот, а машиновозачите редовно излегуваат на блокади поради неисплатени плати,  со целосен прекин на железничкиот сообраќај. Во МЖ Транспрот до сега се променија неколку директори, но никој не успеа да најде решение. Поранешниот премир Зоран Заев зборуваше дека фирмата е зрела за јавно- приватно партнерсво или за приватизација, но и натаму нема никаков план за спас, освен постојаното  префрлање на милиони од државната каса на сметка на претпријатието.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy