Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пенов со порака за младите: вие ќе го продолжите патот што го градиме со нашите партнери и пријатели од Европската Унија
Македонија

Пенов со порака за младите: вие ќе го продолжите патот што го градиме со нашите партнери и пријатели од Европската Унија

23/11/2023

AA

Направете нешто добро за вашиот пријател, за вашето училиште, за вашата општина. Правејќи добри и корисни работи, секој ден учите нешто ново, иако убеден сум дека веќе знаете многу работи, што ние возрасните се уште ги учиме, им порача министерот за локална самоуправа Ристо Пенов по повод денот на Европска соработка во општината Центар.

– Она што сега го правиме со нашите сограѓани, со нашите соседи од Грција, со нашите партнери и пријатели од Европската Унија ќе го продолжите Вие. Реализираме проекти со кои што се подобруваат условите во детските градинки, во училиштата, проекти за заштита на животната средина, за подобрување на здравствената заштита, за отворање на нови можности за едукација и вработување на младите. Програмите за територијална соработка што ги спроведуваме со поддршка на Европската Унија, се важни за сите нас, вклучувајќи ги и најмладите. Градиме вредности кои што се темел на нашата заедничка европска иднина. Затоа е важно и добро е, што денеска со нас ги имаме и најмладите. Тие се новите генерации за кои што вреди да се работи и да се создава амбиент во кој што ќе можат да се реализираат и да бидат задоволни од постигнатите резултати, додаде тој.

Пенов појасни дека во рамките на деновите на европска соработка, посебен акцент е ставен на одбележувањето на Европската година на вештини.

– Во ова време на брзи промени, особено во областа на технологијата, многу е важно да создаваме услови младите луѓе да се стекнуваат со нови вештини, што ќе им помогне да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Во овој процес исто така ја имаме поддршката од Европската Унија и преку отворањето на можноста студенти да волонтираат во имплементацијата на проектите за територијална соработка.
Ова е добар начин да ги градиме нашите капацитети, но и голем мотив за младите луѓе можноста за себе реализација да ја препознаат овде, во државата, појасни Пенов.

Настанот е организиран во рамките на одбележувањето на Денот на европската соработка со учество на ученици од основно образование, наставници и партнерите од Грција со кои заедно се спроведуваат ИПА програмите за територијална соработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над 100.000 денари

20/08/2026

Поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, по разрешувањето од министерската фотелја

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те модуларни болници

20/08/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе одржи брифинг во врска со одлуката поврзана со

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026

Системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери на Центарот за управување со кризи (ЦУК) навреме детектирал пожар во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy