
Бугарско МНР: Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот во Струга
Министерството за надворешни работи добило информација за напад извршен денеска врз претседателот на здружението на месни Бугари во Северна Македонија – „Шемето“ од градот Струга.
Според првичните податоци, на жртвата и била укажана лекарска помош и била примена во локална болница.
„Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен и сега се наоѓа во градот Струга.
Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза“, велат од бугарското МНР.
Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека бил соборен на земја, удиран со клоци и навредуван по етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.
Како што пишува бугарскиот портал, Кадриески е државјанин на Република Северна Македонија, и иако не поседува бугарски пасош, неговиот став е дека има бугарски идентитет.
