Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугарско-македонскиот клуб за пријателство повика на итно смирување на односите меѓу двете држави
Македонија

Бугарско-македонскиот клуб за пријателство повика на итно смирување на односите меѓу двете држави

03/02/2023

AA

Клубот за бугарско-македонско пријателство упати повик во врска со, како што наведуваат, засилените обиди за минирање на односите меѓу двете земји во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Клубот за бугарско-македонско пријателство повикува на мирно одбележување на оваа годишнина.

Тие бараат владите на Бугарија и Северна Македонија веднаш да го спроведат механизмот за намалување на тензиите и идентификување на манифестациите на омраза, усвоен минатата година меѓу двете министерства за надворешни работи.

– Да не се дозволи инцидентите и провокациите да ги оддалечат меѓусебните односи од политички рамки – „Договорот за добрососедство“ и „францускиот предлог“, како и од нашите заеднички цели – постигнување целосно разбирање и европско членство за Македонија“, се вели во апелот.

Овие цели, според членовите на Клубот, може да се постигнат само доколку се маргинализираат круговите што сеат омраза, преку сеопфатни процеси на зближување – социјално, инфраструктурно, културно, медиумско и економско поврзување меѓу двете земји. Тогаш ќе биде невозможно демонизирањето или подметнувањето лажни идеи. Нагласуваат дека е крајно време да се преземе решителна акција и да се изолираат од процесот луѓето и организациите кои се противат на зближувањето.

Клубот го изразува своето уверување дека огромното мнозинство од општествата на двете земји се луѓе со европски вредности кои меѓусебно се почитуваат и разбираат. Тие треба да бидат основа и мерило за билатералните односи, а не поединечни радикализирани елементи и политичари кои бараат тема за сопствен политички опстанок.

– Единствениот начин да ја покажеме нашата почит кон личностите кои не поврзуваат е како нивни наследници да им ја покажеме нашата братска љубов и поддршка, се вели во обраќањето.

Клубот за бугарско-македонско пријателство го поздравува и неодамнешниот апел од поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов и потомците на семејствата на дејците од Македонија за смирување на тензиите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy