
Бугарскиот министер за транспорт вели дека тврдењата на Николоски за Коридор 8 се „приказни за добра ноќ“
Вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, во емисија на БНТ рече дека тврдењата на неговиот колега од Македонија, Александар Николоски, за изградба на ќелезничкиот Коридор 8 се,како што рече, „приказни за добра ноќ“, пред македонската публика.
Пред неколку дена, вицепремиерот Николоски рече дека до Бугарија биле испратени над 15 писма, но не е добиен никаков одговор.од бугарска страна во врска со изградбата на железничката линија до Бугарија,
„Додека Николоски ги раскажуваше овие приказни, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигнал до Ќустендил, а оттаму стигнал до последната станица кај Ѓуешево да го чека Македонскиот“, коментираше Караџов.