Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугарска компанија ќе го загрева Скопје со гас до крајот на годината
Економија

Бугарска компанија ќе го загрева Скопје со гас до крајот на годината

03/10/2024

AA

Павле Маџовски, новиот директор на ЕСМ Продажба, стави сефте потпис на договор за снабдување со природен гас за скопските топлани Исток и Запад во текот на грејната сезона до следната година. Гасот за греење на скопјани ќе го носи бугарска компанија со која за прв пат се склучува оваа набавка во Македонија. Доби комплет договор за сите месеци од октомври 2024 до јануари 2025.

Минатото раководство на ЕСМ Продажба, фирмата-ќерка на АД ЕСМ,која меѓудругото го купува гасот за парно греење на Скопје, откако ја презеде улогата на БЕГ го купуваше енергенсот преку огласи кои што ги објавуваше од месец за месец, со оправдување дека берзанските цени не се стабилни.

Името на компанијата добитник е Sustainable Energy Supply од Бугарија. Формирана е во 2020, но како што може да се прочита на нејзината интеренет страница, брзо се етаблирала во Бугарија и во регионот со трговијата на природен гас, а планира да гради и гасна централа за производство на електрична енергија во Бургас. Во пребарувачот на Централниот регистар во Македонија не може да се провери дали оваа компанија има своја филијала, односно подружница во Македонија.

Според договорот постигнат на крајот од септември, Sustainable Energy Supply ќе добива 4,97 евра профитна маржа на секој мегаватчас од референтната цена на холандската берза ден однапред. ЕСМ ќе го плаќа гасот авансно по неколку пати во месецот, а продавачот ќе треба да достави банкарска гаранција од 63 милиони денари како сериозност за испораката. 

Минималната количина што треба да ја испорача Sustainable Energy Supply во октомври, ноември и декември е 150.000 мегаватчасови, што значи дека доставувачот најмалку би заработил добивка од 750.000 евра. Ова е најмалата сума што би ја заработил бугарскиот оператор, бидејќи во договорот постои можност за дополнителни дневни најави на испорака.

„За место на испорака и мерење на природениот гас се смета местото на испорака главна мерна станица
(ГМС) Жидилово. Трошоците за пренос на испорачаните количини на природен гас и трошоците за балансирање на
системот за пренос на природен гас ги покрива Купувачот“, наведено е во договорот постигнат помеѓу двете страни.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy