Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугарите бараат објаснување од Русите за Навални
Македонија

Бугарите бараат објаснување од Русите за Навални

24/02/2024

AA

Руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова била поканета во Министерството за надворешни работи по повод смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објавено е денеска на веб-страницата на министерството.
На состанокот се појави и вршителот на должноста Валентин Солодкин и му беше врачен демарш.

Бугарија апелираше до властите во Москва веднаш да спроведат транспарентна, темелна и објективна истрага, во која ќе биде вклучена и независна меѓународна комисија, со цел да се разјаснат сите околности поврзани со смртта на Навални.

„Очекуваме во најбрз можен рок виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата. Апелираме посмртните останки на Навални веднаш да му бидат предадени на семејството, за да можат да организираат погребна церемонија“, се наведува во соопштението на веб-страницата на бугарското Министерство за надворешни работи.

Бугарската страна повика на итно и безусловно ослободување на сите други политички затвореници, вклучувајќи ги Јуриј Дмитриев, Владимир Кара-Мурза, Илја Јашин, Алексеј Горинов, Лилија Чанишева, Ксенија Фадеева, Александра Скочиленко и Иван Сафронов, како и активистите за човекови права. новинари и антивоени активисти неправедно приведени поради спротивставување на руската агресија врз Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy