Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРИН ФАТЕН КАКО ЛЕТА СО 205 КМ НА ЧАС ВО ГЕВГЕЛИСКО Полицијата привела петмина пијани возачи
Македонија

БУГАРИН ФАТЕН КАКО ЛЕТА СО 205 КМ НА ЧАС ВО ГЕВГЕЛИСКО Полицијата привела петмина пијани возачи

24/01/2026

AA

Шест возачи биле исклучени од сообраќај, петмина од нив биле под дејство на алкохол, а еден возел со брзина многу поголема од дозволеното, соопшти полицијата.

На 23.01.2026 година во 10:46 часот на автопатот А1, во близина на село Милетково, гевгелиски полицајци го лишиле од слобода А.К.(52) од Република Бугарија. При контрола со радар било констатирано дека А.К. управувал патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и против сторителот е поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 24.01.2026 година во 00:48 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(33) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле „мопед“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 година во 01:30 часот на улицата 11 Октомври во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Р.(44) од Свети Николе. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,72 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 година во 01:46 часот на магистралниот пат А-3, во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Н.В.(23) од селото Дулица, Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 година во 03:14 часот на улицата 7 Ноември во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.М.(51) од село Миравци, Гевгелиско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал И.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 година во 01:50 часот на крстосницата од улицата Леце Котески со улицата Трајко Николоски во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.Р.(38) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „туран“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy