Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: СДСМ не е пазар за пазарење функции, СДСМ е армија на вредности!
Македонија

Филипче: СДСМ не е пазар за пазарење функции, СДСМ е армија на вредности!

24/01/2026

AA

Денес ставаме точка на разединувањето, СДСМ не е пазар за пазарење функции,  СДСМ е армија на вредности, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот 31-ви Конгрес на СДСМ. Филипче посочи дека СДСМ ќе се посвети на чиста, силна и искрена борба за враќање на власта кај народот, враќање на вредностите за достоинсвен и подобар живот за граѓаните.

„СДСМ не е пазар за пазарење функции. СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас добредојден е вистински, искрено, братски. Но, кој планира да нè поткопува од внатре, кој планира да биде „Тројански коњ“ на ВМРО или на некои други интересни групи, нека си замине веднаш. Немаме време за предавства. Немаме луксуз за суети. Или сме заедно во оваа битка за живот или смрт на демократијата, или не сме ништо. Јас бирам да бидеме сè! Бирам борба, искрена, силна и чесна!“, порача Филипче.

Во обраќањето, Филипче ги повика членовите на партијата да излезат на терен меѓу граѓаните, да разговараат со нив за реалната состојба во државата.

„Другарки и другари, нема седење. Нема пишување статуси на Фејсбук од удобни фотелји. СДСМ е на терен! Одиме во секој град, во секое село, во секое маало. Ќе чукнеме на секоја една врата. Не да молиме за гласови, туку да ја разбудиме Македонија.Ќе им кажеме на луѓето за долгот од 2 милијарди евра. Ќе им кажеме за долгот од 6 милијарди евра кој ќе го враќаат многу следни генерации. Ќе кажеме и за изолацијата од Европа и од Америка, поради корупцијата и пљачката. За предавството од националните интереси и безбедност со мигрантите“, рече Филипче, додавајќи дека граѓаните треба да знаат дека не се сами, дека СДСМ е тука да се бори за нив.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
Македонија

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо

27/07/2026
Македонија

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026
Македонија

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026
Македонија

Доктор по стоматологија под истрага – посредувал за положување стручен

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44696
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети над 7 килограми марихуана и

27/07/2026

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и

27/07/2026

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран ги прекинаа нападите, што ја зголеми надежта за смирување на конфликтот.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy