Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГИ ПОБУГАРЧИ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА И КОСОВО: Уценуваат и делат бугарски пасоши – МД „Илинден“ со остра реакција до официјална Софија
Регион

БУГАРИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГИ ПОБУГАРЧИ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА И КОСОВО: Уценуваат и делат бугарски пасоши – МД „Илинден“ со остра реакција до официјална Софија

16/01/2024

AA

Македонското друштво “Илинден” – Тирана во синоќешната реакција „најостро го осудува инсистирањето на бугарскиот претседател Румен Радев да се признаат непостоечки Бугари во Гора на Косово, област каде живеат Македонци”.

-МД”Илинден” го изразува својот револт затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“, стои во реакцијата.

Потсетува дека многупати досега се залагале за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ.

– Нивната самосвест е македонска, а обидите на бугарската политика да го обезличи и побугарчи ова македонско население се остваруваат со уцени за подобрување на нивниот социјален статус и економска положба со делење на бугарски пасоши, со ветувања за стипендии за студирање на младите Македонци. Цената на тие бугарски „услуги“ се сведуваат на потпишување изјава на Македонците дека се Бугари и дека и нивните предци биле Бугари. Македонците во областа Гора никогаш не биле, ниту своеволно би биле “Бугари“, се наведува во реакцијата.

Уште се оценува дека ” е срамен, недемократски и антиевропски  потегот на бугарскиот претседател Румен Радев да го уценува косовскиот политички врв да ги признае непостоечките Бугари во Република Косово”.

Секако, се посочува понатаму, ваквиот негов потег е веќе виден во Република Албанија,  каде со уцени и закани по европската иднина на државата, Бугарија наметна признавање на непостоечки Бугари во Законот за малцинства усвоен во 2017 година во Република Албанија,  иако во земјата во сите пописи од 1923  до 2011 година  ниту еден жител не се изјаснил како Бугарин.

-Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува европските институции да ги запрат уцените од страна на бугарската држава кон други држави со заканите за вето за нивната интеграција во Европската Унија. Во исто време  апелираме до Владата на Република Косово да преземе сериозни мерки во насока на поголема грижа за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Република Косово и да не дозволи признавање на непостоечко бугарското малцинство во Република Косово, се нагласува во реакцијата.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го потсетува бугарското раководство дека “македонската нација е историски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy