Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во средата рече дека со изјавата за Хрватска, која е „дно на ЕУ, а само Бугарија е полоша“ по повлекувањето на европските пари, не ги навреди Бугарите, туку ја исмејуваше хрватската влада, која не прави „будали и социјален случај и не може да повлече доволно европски пари“.
Во саботата Милановиќ рече дека „Хрватска е дното на Европската унија, дека само Бугарија е полоша“ и дека „секој ден се молиме на Бога Бугарија да остане последна и ништо да не и се случи, бидејќи во спротивно би била Хрватска”. по што, според хрватскиот печат, Бугарите ја повикале на интервју хрватската амбасадорка во Софија, Јасна Огњеновац и изразиле незадоволство.
Бугарското Министерство за надворешни работи на хрватскиот амбасадор му пренесе „длабоко разочарување од изјавата на претседателот Милановиќ“, нагласувајќи дека „изјавата е неприфатлива за Бугарија и не е во согласност со одличните билатерални односи меѓу Хрватска и Бугарија“. Тие истакнаа и дека се надеваат дека „хрватската влада ќе се огради од таа изјава“.
„Не ги навредив Бугарите, туку исмевав некои елементи на хрватската влада кои не прават будали и социјален случај“, рече шефот на државата и додаде дека бил критичен за повлекувањето на европските пари.
Потоа се запраша „дали можеме да кажеме дека Хрватска се моли Сингапур да биде последен што ќе повлече пари“.
„Звучи ли подобро? Но Сингапур не е европска земја. Значи, некој мора да биде последен. Тоа е Бугарија, а Хрватска е претпоследна“, рече Милановиќ и потсети дека тоа се „статистички податоци“ и дека веќе кажал за тоа десет пати.