Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бујар Османи ќе биде техничкиот премиер Албанец?!
Македонија

Бујар Османи ќе биде техничкиот премиер Албанец?!

20/11/2023

AA

Актуелниот министер за надворешни работи, во своето CV најверојатно ќе запише дека извршувал уште една важна функција – три месеци технички премиер, дознава 4NEWS.mk од свои извори.

Според нашите извори, а согласно договорот од 2020 година, ДУИ ќе треба да предложи кандидат за технички премиер, а тоа најверојатно тоа ќе биде актулниот портарпол и потпретседател на партијата Бујар Османи.

Османи денеска во Прилеп одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема простор за дискусија за тоа дали ќе има премиер Албанец.

„Премиер предложен од ДУИ во последните 100 дена ќе има. Ова е дел од договорот и нема простор за преговори. Не сме стигнале до таа фаза да разговараме како ќе бидат изборите во насока ќе бидат, со какви коалиции и слично и со кои кандидати. Сега сме во фаза на одредување на датумот на изборите и дали ќе бидат заедно или посебно. Последните средби што се одржаа со СДСМ беа исклучиво на оваа тема“, рече Бујар Османи.

И актуелниот премиер Димитар Ковачевски рече дека договорот од 2020 година меѓу СДСМ и ДУИ важи. Ковачевски најавува дека за сите кадровски решенија што ќе се донесат во наредниот период мислењето ќе биде навремено соопштено.

Докторот Османи во 2008 година беше Министер за здравство, потоа во 2017 стана Заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања, а од јули 2018 година е назначен за Шеф на државната делегација и Главен преговарач со Европската Унија.

На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Македонија.

Согласно законот за техничка влада, таа треба да се формира 100 дена пред избори. Ако изборите се на 8-ми мај тоа значи дека техничка Влада Македонија ќе добие на крајот на јануари или најдоцна почетокот на февруари.

Техничката влада се формира според таканаречниот „Пржински модел“ кој првпат е применет на изборите во 2016 година, а кој уследи по кризата која настана, откако Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори. Овој концепт, кој сега е и законска обврска го постигнаа поранешниот премиер Никола Груевски, Зоран Заев кога беше опозиционер и претставници на другите партии со помош на меѓународната заедница во 2016 година.

Според Пржинскиот модел треба да биде избран технички премиер и техничка влада. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри во две министерства (за внатрешни работи и за труд и социјална политика) и тројца заменици министри (министерството за земјоделство, за финансии и за администрација и информатичко општество). Процедурата на избор треба да заврши до полноќ. Техничката Влада почнува да функционира од моментот кога ќе биде изгласана во парламентот и истата ќе функционира сто дена пред предвремените парламентарни избори.

Главна задача на техничката влада е да ги организира изборите. Во текот на нејзиното функционирање не може да има вработувања, унапредувања, инвестиции.

Инаку, според Законот за влада, техничкиот министер за внатрешни работи може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, потоа хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до десет отсто од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Според истиот закон за влада, предвидено е замениците министри да имаат право на вето само за прашањата поврзани со изборите, а изборен период ќе се смета од денот на распишување на изборите.

Министерот ќе може да разрешува и именува раководни кадри, а замениците ќе предлагаат нивни заменици кои треба да ги одобри министерот. Раководните кадри и нивните заменици ќе имаат врзан потпис од денот на стапување на законот во сила.

Оваа ќе биде трета техничка влада во Македонија. Првата се формираше пред предвремените избори во 2016 година, а технички премиер беше Емил Димитриев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy