Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРУТАЛНО ВИСОК ДАНОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВОВЕДУВА НАЈПОСЕТУВАНИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА: Туристичка такса од 2024
Економија

БРУТАЛНО ВИСОК ДАНОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВОВЕДУВА НАЈПОСЕТУВАНИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА: Туристичка такса од 2024

25/10/2023

AA

На посетителите во Амстердам ќе им се наплаќа највисоката
туристичка такса во Европа од 2024 година, во обид да се намали хаосот во
градот и ефектите од масовниот туризам.

Зголемувањето на цената ќе биде до 12,5 отсто, што значи
дека со просечна цена за ноќевање од 175 евра по лице, данокот за престој ќе
порасне од 15,25 на 21,80 евра за ноќ.

„За споредба, туристичките такси во Барселона во просек се
околу 2,25 евра по лице на ден, додека во Париз генерално може да се очекува да
платите околу 4 евра по лице за ноќ“, пишува Lonely Planet.

Туристичката такса ја зголемува цената со што посетителите
би дале поголем придонес за градот, а мерката ќе придонесе и за борба против
нередот и масовниот туризам“, најавуваат градските власти. Амстердам, дом на еден милион луѓе, во
последните години се мачеше да се справи со 20 милиони посетители годишно, од
кои многумина поминуваа само еден ден во градот.

„Со цел да се одржи квалитетот на животот во Амстердам,
градот работи на спречување на типот на туризам кој предизвикува непријатности
кај населението како и кај туристите и постави максимален број посетители“,
соопштија властите.

Амстердам долго време е магнет за хедонисти, кои најчесто ги
привлекуваат кафулињата за марихуана и квартот на црвените фенери, а на градот
му се гади од сè почесто пијанство и немири. Така, на пример, оваа година на британските туристи им беше кажано
да ги организираат своите често развратни ергенски забави на друго место.

ФОТО: Unsplash/Gaurav Jain

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy