
Бројот на туристи во земјава е зголемен за 8,3 отсто во однос на претходната година
Бројот на туристи во Северна Македонија е зголемен за 8,3 отсто од јануари до ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според овие податоци, бројот на домашните туристи е намален за еден процент, а кај странските е зголемен за 13,8 отсто.
Евидентирано е дека во ноември 2024 година бројот на туристи изнесува 66.701, од кои 31,6 отсто локални, а 68,4 отсто од странство.

