
Бриж е веќе во нокаут фазата, серијата на Фенербахче заврши во Разград (ВИДЕО)
Белгискиот тим на домашен терен славеше со 2-0 и има 10 бода, шест повеќе од Лугано, а во меѓусебните дуели има вкупни 5-1. Стрелци на головите на денешниот натпревар беа Тијаго од пенал и Ванакен во шестата минута од судиското продолжение. Бриж имаше уште еден пенал, но Јутгла не беше прецизен од белата точка.
Лудогорец со идентични 2-0 беше подобар од Фенербахче и му го уништи максималниот ефект на Фенербахче, а многу поважно, си ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата. Пјотровски во првото и Рван Секо во второто полувреме ги постигнаа двата гола за Лудогорец за важен триумф на овој меч.
РЕЗУЛТАТИ
Астон Вила – АЗ Алкмар 2-1
Бреидаблик – Гент 2-3
Бриж – Лугано 2-0
Лудогорец – Фенербахче 2-0
Олимпија – Клаксвик 2-0
Слован – Лил 1-1
Зорја – Макаби 1-3
