Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Британска помош за зајакнување на НАТО капацитетите на МНР
Македонија

Британска помош за зајакнување на НАТО капацитетите на МНР

28/09/2023

AA

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон  потпишаа  Меморандум за соработка за реализација на проектот за менторство и градење на капацитетите на Директоратот за НАТО и политичко-безбедносни прашања при Министерството за надворешни работи.

“Со денешното потпишување на Меморандумот дополнително го зацврстуваме нашето сојузништво во рамки на НАТО Алијансата и ја збогатуваме договорната рамка меѓу двете земји. Обединетото Кралство, како наш значаен сојузник и пријател, придонесува за натамошно зајакнување и  развој на капацитетите на Министерството за надворешни работи, со цел уште поефикасно  остварување на нашата политичка и координативна улога околу разни прашања врзани со членството на Северна Македонија во Алијансата.”  – истакна Османи.

„Обединетото Кралство беше постојан партнер во поддршката на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО алијансата. Овој проект е уште еден пример за континуираната поддршка на Обединетото Кралство за Северна Македонија како сојузник во НАТО, со цел развој на капацитетите и вештините за да може да продолжи да придонесува и да исполнува позначајна улога како членка на НАТО“, рече амбасадорот Лосон додавајќи дека донациите на Обединетото Кралство под формата на опрема, обезбедување инструктори за обука, упатување советници и учество во заеднички вежби придонесоа за исполнување на заедничката цел – обезбедување мир, стабилност и безбедност во регионот. Воедно, додаде дека овие напори се доказ за заложбите на двете земји за гарантирање на колективната одбрана и безбедност на НАТО Алијансата.

Проектот е предвидено да трае до март 2024 година и преку упатување на резидентен експерт се очекува да придонесе  за вешто и високо компетентно учество на Министерството за надворешни работи и цивилните експерти во работата на структурите на НАТО. Дополнително, проектот треба да придонесе и за целокупната подготвеноста на нашите институции за обезбедување високо ефективен и ефикасен менаџмент на политичките улоги во областа на безбедносната политика и безбедносни прашања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска

18/02/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУЧЕВИШКА БАРА: Едно лице загина, а друго се

18/02/2026
Македонија

ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле

18/02/2026
Македонија

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три

18/02/2026
Македонија

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители –

18/02/2026
Македонија

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60

18/02/2026
Македонија

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО

18/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41598
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска муниција

18/02/2026

Силни пукотници синоќа го нарушија мирот и предизвикаа вознемиреност кај жителите на новиот дел на Велес. Иако звуците налик на

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУЧЕВИШКА БАРА: Едно лице загина, а друго се бори за живот по судир

18/02/2026

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера (17 февруари 2026 година) на стариот пат кон селото Кучевишка Бара.

ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле две возила кај Кучевишка Бара

18/02/2026

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера, (17 февруари 2026 година), на стариот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy