
Брера се засили со Урош Стамениќ од ИМТ Белград
27-годишниот фудбалер стави потпис на договор со Брера.
„Урош Стамениќ кој доаѓа од суперлигашот „ИМТ Белград“ од соседна Србија е ново засилување на нашиот сениорски состав. Станува збор за 27 годишен фудбалер кој потекнува од ФК Војводина со кој, уште како тинејџер стана првотимец, клуб со кој и играше европски натпревари . Освен во Војводина, Урош Стамениќ има настапувано и за Пролетар, Борац Чачак и Златибор а со своите квалитети може да покрива повеќе позиции во редот за врска од крилните до централните места, со што ќе придонесе да бидеме далеку поофанзивни пред противничките голови. За тимот на ИМТ во есенскиот дел има одиграно 16 натпревари при што запиша еден гол и една асистенција“, се вели во соопштението на македонскиот клуб.
Стамениќ вели дека е среќен што доаѓа во Брера за кој вели дека е еден од најпрогресивните проекти во регионот.
,, Еден нов предизвик за мене. Доѓам во една здрава средина и стабилен клуб кој има високи амбиции. Имаме исти размислувања и лесно се договоривме околу соработката. Останува на терен да ги оправдам очекувавањата на тренерите и на луѓето од клубот и верувам дака ќе направиме одличен резултат. Мислам дека овој проект е еден од најпрогресивните фудбалски проекти во регионот и драго ми е што сум дел од Брера Холдинг кој работи во целиот свет“, изјави Стамениќ.