
Брегалница донесе и втор голман летово – младинскиот репрезентативец Новаков
Новаков е дете на Брегалница, кој се враќа во матичниот клуб од Словенија, зашто досега беше дел од Триглав Крањ. Тој како 14-годишник замина во „дежелата“ во Крањ во младинскиот погон, а потоа продолжи во Триглав.
Новаков е второ засилување на голманската позиција зашто претходно штипјани го промовираа и Мартин Давков. Покрај двете голмански решенија, од денеска во Брегалница нови членови се костариканскиот офанзивец Фабрицио Венегас и дефанзивецот од Панама, Самал Дикенс, а од пред некој ден нов член е и екс-младинскиот репрезентативец Ване Јованов.

