Бред Пит покажа мускули на кои би им позавиделе и дваесетгодишници
Актерот не претставува да го воодушевува светот со својот негуван изглед.
Бред Пит повторно е снимен како снима сцени на „Дејтона интернационален спидвеј“ за неговиот претстоен филм за Формула 1. Актерот, кој неодамна го прослави својот 60-ти роденден, работи со режисерот Џозеф Косински и колегата Хавиер Бардем на проектот.
Пит глуми пензиониран Ф1-возач, кој е поканет да излезе од пензија за да ги менторира почетниците. Тој не само што ја игра главната улога туку е и продуцент на проектот „Апекс“.
Сепак, она што за сите е фасцинантно е начинот на кој холивудскиот заводник се грижи за себе.
Прво, тема на целата планета беа неговото лице и познатото прашање „како не старее?“, а во оваа пригода во тесна бела маичка покажа дека не се грижи само за својата кожа туку исто така и за линијата, а тоа најдобро го докажуваат неговото дефинирано мускулесто торзо и бицепсите.
Нема сомнеж дека актерот е крајно дисциплиниран и дека како и улогата во филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ – старее наназад.