
Бразилецот Јаго со акробатски кош ги расплака навивачите на Партизан (ВИДЕО)
Црвено-белите во еден момент имаа предност од дури 21 поен, но потоа му дозволија на противникот да изедначи. Прво Алекса Аврамовиќ погоди тројка, потоа црвено-белите погрешија, Партизан го доби нападот, а Џејмс Нанели беше фаулиран кога шутираше за три поени. Така, предноста на Звезда беше стопена и на семафорот стоеше 86-86 кога домаќинот го започна последниот напад.
Јаго ја презеде одговорноста, ја мина одбраната на Партизан и потоа акробатски постигна два поени, што се покажа како клучно, па црвено-белите забележаа голема победа.
