Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Брат со метален предмет го усмртил својот брат, па го закопал во дворот – откриено убиство во Кавадарци
Македонија

Брат со метален предмет го усмртил својот брат, па го закопал во дворот – откриено убиство во Кавадарци

06/08/2025

AA

Полициската станица во Кавадарци поднесе кривична пријава против 43-годишниот С.И. од Кавадарци, кој се сомничи дека на 27 јули 2025 година го усмртил својот брат И.И. (42), а потоа го закопал во помошен објект во дворот од нивната заедничка куќа. Случајот се води како кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, осомничениот со метален предмет му нанел смртоносни повреди на братот, по што телото го сокрил закопувајќи го во дворот. Убиството било откриено откако нивната сестра В.О. (44) на 5 август го пријавила И.И. како исчезнат во 11:00 часот, а само два часа подоцна, во 13:00 часот, повторно се јавила во полиција со сомнеж дека нејзиниот брат можеби е закопан во дворот, откако со сопругот забележале свеж ископ во помошниот објект.

По пријавата, веднаш реагирале јавен обвинител, полициски службеници и експерти од Институтот за судска медицина, а по наредба на обвинител бил повикан и екипа од погребално претпријатие која ја откопала дупката. Телото на И.И. било пронајдено и однесено на обдукција.

Истото попладне, околу 14:40 часот, С.И. бил приведен. По извршени проверки и добиени сознанија, во координација со јавен обвинител, тој бил спроведен во обвинителството каде во службен разговор го признал делото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy