Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Браќата Стојановски спречија изненадување во Аеродром, Пелистер се помачи со Феникс!
Спорт

Браќата Стојановски спречија изненадување во Аеродром, Пелистер се помачи со Феникс!

30/04/2023

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје далеку потешко од очекуваното дојдоа до триумф во вечерашниот дуел на домашен терен против Кожув (83-69), прв од четвртфиналната плејоф-серија што се игра до две победи.

Гевгеличани почнаа храбро, покажаа заби и по првото полувреме дури и водеа со десет поени разлика (49-39). Но, тоа како да ги налути аеродромци, пред се браќата Војдан и Дамјан Стојановски, кои беа главни во фантастичното второ полувреме на шампионот, кое беше добиено со 44-20. Пресвртот беше направен уште во третиот период и тоа со серија 18-2 со која „металците“ дојдоа дури и до опиплива предност (57-51), која до крајот само ја зголемија. Домашните по само 15 минути останаа без тренерот Драган Николиќ и центарот Абдул-Малик Абу, првиот поради влегување во терен среде меч, при што се судри со Мајрон Гордон, а вториот поради напуштање клупа.

Братскиот тандем Стојановски доминираше на двете страни на теренот, што се гледа и од фактпт што заедно постигнаа скоро две третини од поените на МЗТ, а и двајцата беа на чекор до дабл-дабл ефект. Војдан беше најефикасен со 29 поени и седум скока, додека Дамјан ја заврши средбата со 21 поен и девет скока. Гордон со 21 поен беше најпрецизен кај гостите.

До водство во серијата дојде и Пелистер, кој исто така потешко од очекувањата го совлада Феникс (90-86). Вторите средби од сериите се играат в среда или в четврток.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy