Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОЖИНОВСКА-ШАХБАЗОВ: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа – Азербејџан подготвен веднаш да соработува со земјава
Економија

БОЖИНОВСКА-ШАХБАЗОВ: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа – Азербејџан подготвен веднаш да соработува со земјава

12/03/2025

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше
пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз
Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на
енергетската соработка меѓу двете земји.

На тет-а-тет
средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, беше
истакната заедничката заложба за зајакнување на партнерството во областа на
снабдување со гас. Разговорите се фокусираа на можностите за долгорочни
договори за снабдување со гас, како и на потенцијални инвестиции во гасната
инфраструктура во Македонија.

„Македонија може
да стане регионален центар за транспорт на гас, ние сме подготвени веднаш да се
вклучиме во соработка на конкретни проекти и да ви понудиме и експертиза, но и сериозни
можности за заеднички проекти доколку постои интерес и од ваша страна“, истакна
министерот Шахбазов.

„ Разговорите за зајакнување на нашето партнерство
во областа на енергетиката отворија нови перспективи за Македонија! Се
фокусиравме на конкретни чекори за создавање условии за снабдување со гас и
можности за инвестиции во модернизација на нашата енергетска инфраструктура“ истакна Божиновска.

Посебен акцент
беше ставен на можната соработка меѓу државната енергетска компанија Електрани
на Северна Македонија (ЕСМ) и азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР. Партнерството помеѓу ЕСМ и СОКАР е клучно за
нашата енергетска трансформација.Во таа насока,
договоренa e средба за интензивирање на активностите во рамки на склучениот меморандум за
соработка што беше потпишан за време на КОП 29 самитот во Баку.

Шахбазов упати и
директна покана до министерката Божиновска да учествува на претстојниот
министерски состанок на советодавниот совет за јужниот гасен коридор како и за
третиот министерски состанок на советот за зелена енергија.

Министерката
Божиновска ја потенцираше подготвеноста на Македонија за активна соработка во
повеќе проекти што ќе обезбедат сигурност, одржливост и енергетска независност
за земјата, нагласувајќи дека оваа средба претставува значаен чекор во насока
на реализација на тие цели.

„Азербејџан ни
нуди конкретна соработка која ќе ни помогне да се мапираме како сериозен
регионален центар за транспорт на гас. Ова е нешто што би имало стратешко
значење за енергетската иднина на нашата земја и би донело поволности и за
економијата, но и за граѓаните. На ова сериозно ќе работиме и се надеваме на помошта од
нашите меѓународни партнери“, истакна Божиновска.

Во рамките на
официјалната посета на Азербејџан, македонската делегација предводена од
претседателката Силјановска Давкова оствари и работна средба со премиерот на
Азербејџан Али Асадов и со претседателката на Националното собрание на
Република Азербејџан, Н.Е. г-а Сахиба Гафарова.

Оваа средба, која
се одржа во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи
помеѓу нашите две земји, беше посветена на зајакнување на билатералните односи,
посебно во областа на енергетската соработка.

Претседателката
Силјановска-Давкова истакна дека нашите две земји имаат потенцијал за поголема
економска соработка, особено во секторот на енергетика, и изрази подготвеност
за поддршка на иницијативите кои ќе произлезат од оваа средба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45439
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во овие 35 години независност од

03/09/2026

Киро Глигоров не е доволно вреднуван за неговата историска улога во создавањето и зачувувањето на независна Македонија, оцени лидерот на

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во Косово

03/09/2026

По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

03/09/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy