Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска на Самитот на шефовите на држави и влади на членките на Европската политичка заедница
Економија

Божиновска на Самитот на шефовите на држави и влади на членките на Европската политичка заедница

18/07/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиносвска денеска, во состав на македонската делегација предводена од премиерот Христијан  Мицкоски, учествува на Самитот на шефовите на држави и влади на членките на Европската политичка заедница, кој се одржува во замокот Бленхејм, во близина на Лондон.

Самитот се одржува четврти пат, а во рамки на утврдените теми, како помошта за Украина, справувањето со нелегалната миграција, состојбата со демократијата и сл., посебен акцент е ставен на прашањата од доменот на енергетиката и регионалата поврзаност, како битен предуслов за натамошно унапредување на регионалната соработка, зајакнување на енергетската безбедност и отпорност.

Како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска учествуваше на тркалезната маса на тема енергетиката и регионалата поврзаност, на која говореше и премиерот Мицкоски.

– За време на настапот беа изложени приоритетите на новата влада во доменот на енергетиката и енергетската безбедност, модернизацијата на постоечките енергетски капацитети, намерите за натамшно поврзување со соседните земји, а исто така, беше промовирано и новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, преку кое нашата држава ќе настојува да се промовира како значаен енергетски партнер и потенцијална дестинација за инвестиции во обновливи извори, се вели во соопштението.

Учесниците на тркалезната маса, како што се наведува, разменија мислења во однос на постоечките предизвици во делот на енергетиката со кои се соочува европскиот континент, пред се, поради руската воена агресија врз Украина, нестабилноста на енергетските пазари и снабдувањето со енергенси како нафта и природен гас, а воедно дискутираа и за натамошните чекори и соработката, преку кои би се намалиле штетните влијанија за стопанствата на европските држави.

Министерката Божиновска остварила разговори со повеќе колеги, министри за енергетика со кои се предвидени заеднички активности во наредниот период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45873
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в

29/09/2026

Грција в сабота, на 3 октомври, свечено ќе ѝ ги предаде на Бугарија човечките останки за кои повеќе од половина

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy