Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОСНА НЕ ПАМЕТИ ВАКВО ЗЛОСТОРСТВО, СОПРУГАТА ЈА ЗАДАВИЛ, СИНОТ ТИНЕЈЏЕР ГО ЗАДУШИЛ: Ова е човекот што го бара цела Босна
Регион

БОСНА НЕ ПАМЕТИ ВАКВО ЗЛОСТОРСТВО, СОПРУГАТА ЈА ЗАДАВИЛ, СИНОТ ТИНЕЈЏЕР ГО ЗАДУШИЛ: Ова е човекот што го бара цела Босна

13/02/2025

AA

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по Емир Селимовиќ,
кој е осомничен дека синоќа во Калесија ги убил сопругата Инела и 13-годишниот
син, пишува Klix.ba.

Не се знае дали Селимовиќ по кого трага полицијата е
вооружен.

„Синоќа полициски службеници од Управата за внатрешни работи
на кантон Тузла, ПС Калесија, по пријава и со одобрение од кантоналниот
обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија,
каде што пронашле безживотни тела на жена и дете. Секторот на Полициската управа на Министерството за внатрешни
работи на Тузланскиот кантон презема понатамошни активности“, изјави Аднана
Спречиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла.

Дежурниот обвинител и истражителите од Секторот за
криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Кантонот
Тузла синоќа извршија увид на лице место во семеен стан во Калесија, каде беа
пронајдени двете безживотни
тела, на 37-та жена и
нејзиниот тринаесетгодишен син.

Човекот осомничен за двојно убиство во моментов е во бегство
и по него се трага, се вели во соопштението на Обвинителството ТК, пренесе
Аваз.ба.

Денеска ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на
починатите за да се утврдат точните причини за смртта.

Во тек се сите потребни истражни дејствија, кои по наредба
на обвинителот ги спроведуваат истражители на Одделот за криминалистички
истраги при МВР на кантонот Тузла и Одделот за криминалистичка полиција при
полициската станица Калесија, со цел утврдување на сите околности поврзани со
двојното убиство, информираат од Обвинителството на кантонот Тузла.

Инаку, Инела
Селимовиќ, беше кандидатка за
Советот на општина Калесија на локалните избори во 2024 година, претставувајќи
ја партијата Народ и правда (НиП).

Оваа информација на платформата Фејсбук ја потврдија од
општинскиот комитет на партијата.

– Нашата драга Инела…Нека е вечен мир на твојата
благородна душа и душата на рајската птица, твојот син.

Ќе те паметиме по твојата насмевка која како „зараза“ ја
рашири меѓу нас и на сите што ќе ги запознаеш.

Монстуозното злосторство против тебе и твојот син не
шокираше сите нас.

Не сакаме да станете дел од статистиката на „несреќните“
настани!

Ги повикуваме институциите на Босна и Херцеговина да си ја
завршат работата.

Има уште многу да се додаде.

Но, сега ќе тагуваме… – се наведува во соопштението на партијата НиП Калесија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Акциска контрола во Кочани и Виница: 59 казни, тројца приведени

28/07/2026
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44702
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Акциска контрола во Кочани и Виница: 59 казни, тројца приведени и одземени три мотоцикли

28/07/2026

Вкупно 59 прекршоци, три приведени лица и три одземени мотоцикли е билансот од акциската контрола што полицијата ја спроведе на

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy