
Босанските навивачи направија хаос во Вадуц – бараа промени во фудбалскиот Сојуз! (ВИДЕО)
На трибините на стадионот во Вадуц се најдоа неколку илјади босански навивачи кои предизвикаа инцидент и прекин со цел да упатат порака до раководството на Фудбалскиот сојуз на БиХ. Во 50. минута од натпреварот на теренот беа фрлени факели и димни бомби поради што натпреварот неколку минути беше прекинат.
Мораше да интервенира Един Џеко кој ги замоли навивачите да се смират за средбата да продолжи и да го дочека својот крај.