Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОРИСОВ СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА: Ќе ја преземе власта во Бугарија?
Регион

БОРИСОВ СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА: Ќе ја преземе власта во Бугарија?

03/04/2023

AA

На парламентарните избори во Бугарија, одржани вчера, врз основа на 71,64 отсто од обработените гласови, во парламентот на Бугарија влегоа шест партии предводени од коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов со 26,33 отсто од гласовите, јавуваат медиумите во регионот.

По нив следува Сојузот „Демократска Бугарија“ и „Преродба“ со 14,76 отсто.

Централната изборна комисија утринава соопшти дека во борбата за третото место „Преродба“ – екстремно десничарската и ултранационалистичка политичка партија води со два отсто од гласовите во однос на центристичкото Движење за права и Слободи (ДПС).

Петта е Бугарската социјалистичка партија (БСП), а во парламентот влегува и партијата „Има таков народ“, која е основана од бугарскиот пејач, ТВ водител и политичар Слави Трифонов.

Изборите ги предводи коалицијата „Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), централно-десничарската партија на долгогодишниот лидер Бојко Борисов, со Унијата на демократски сили (СДС).

Изборите беа петти парламентарни избори во Бугарија во изминатите две години и се одржаа во атмосфера која се карактеризира со широко распространето незадоволство против политичките елити кои многумина ги сметаат за неподготвени сериозно да се зафатат со корупцијата и економските реформи, според Ројтерс.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Бугарија и по овие избори нема да добие функционално парламентарното мнозинство, што ќе ги загрози амбициите на земјата да се приклучи на еврозоната во блиска иднина и ефикасно да ја искористи помошта на Европската унија за да се опорави од последиците од Ковид-19 пандемијата, пренесува Ројтерс.

„Без разлика кој ќе победи, големото прашање ќе остане нерешено – какви се изгледите за формирање на нова влада. Јасно е дека во моментов нема политичка сила која има не само апсолутно мнозинство, туку доволно голема предност за формирање влада“, оценува Геновева Петрова од агенцијата Алфа Рисрч.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред исчезнувањето повеќепати баравме помош

16/08/2026

Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, со јавна реакција побара одговорност од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy