Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ ТОП ОСУМТЕ МАКЕДОНСКИ „МИЛИЈАРДЕРИ“ – еве чии компаниски профити се мерат во милијарди денари – ФАКТОР АНАЛИЗА
Економија

КОИ СЕ ТОП ОСУМТЕ МАКЕДОНСКИ „МИЛИЈАРДЕРИ“ – еве чии компаниски профити се мерат во милијарди денари – ФАКТОР АНАЛИЗА

03/04/2023

AA

Кои котирани компании на Берзата биле
најпрофитабилни во минатата година, и тоа во година што важеше за проблематична
од многу аспекти. Почна војната во Украина, политичката нестабилност во светски
рамни беше голема како што не била многу одамна, а цените на енергенсите отидоа
до небо, што, пак, ги разгоре и другите цени и ја вивна инфлацијата.

Сепак,
топ македонските компании и банки покажаа дека и во кризни години можат да
работат успешно и дури и да ги зголемат своите профити, иако кај некои има
благо намалување на добивките во однос на претходната 2021 година.

Берзата ги објави сумираните податоци
за финансисиските резултати во минатата година, кои говорат дека лани со
добивка завршиле 72 компании, наспроти 73 во 2021 година. Со загуба, пак,
работеле 18 акционерски друштва, исто колку и претходната година.

Фктор направи анализа на бројките и
издвоивме осум компании и банки чии профити се мерат во милијрди денари, но и
во милиони евра.

Еве кои се осумте македонски
милијардери.

Прво место е Стопанска банка Скопје,
со добивка остварена лани од 2,44 милијарди денари, што е рамно на 39,7 милиони
евра
, или близу на 40 милиони,
фантастичен финансиски резултат кој говори за успешното работење на најстарата
македонска банка. Во однос на претходната година финансискиот резултат има само
минорно и воопшто незначително намалување од 0,9 проценти.

Буквално
во врат на Стопанска банка Скопје и дише уште една голема банка, и тоа НЛБ Банка, која минатата година се закити
со чист профит од 2,43 милијарди денари, или 39,6 милиони евра
. Практично
за малку оваа банка доаѓа на втората позиција, што е одличен резултат, особено
ако се има предвид дека во однос на минатата година НЛБ Банка има зголемување
на добивката од близу 10 проценти.

Третата
позиција по профитабилност е резервирана за најголемата македонска банка, Комерцијална, која покажува дека
секогаш умее да оствари прилично силен профит за своите акционери. Или, оваа наша банка лани работела со
профит од 2,2 милијарди денари или 35,3 милиони евра,
ико има благо
намалување за 6,7 отсто во однос на една година претходно. Притоа треба да се
напомене дека податокот е од консолидиран Биланс на успех на Комерцијална
банка.

Или,
ова покажува дека банките се на врвот по профитабилност, односно првите три
места се резервирани за трите најголеми банки во земјава.

На четврто место за лани е
телекомуникацискиот гигант „Телеком“, со добивка од 1,5 милијрди денари или 24,4
милиони евра
. Кај профитот на Телеком
во онос на една година претходно има само благо намалувае за 5,7 отсто.

Петтото
место, пак, е резервирано за фармацијата. Фармацевтскиот
гигант „Алкалоид“ во текот на минатата година остварил профит од 1,46 милијарди
евра, односно нивната профитабилност изнесува 23,8 милиони евра
. Кај оваа
наша компанија за пофалба е и фактот што во однос на една година претхдно имаат
значајно зголемување на добивката, и тоа за над 12 проценти.

Одлична
добивка за лани во својот Биланс на успех објави и нашиот најголем нафтен
дистрибутер „Макпетрол“, и тоа дури 1,3
милијарди денари, додека, пак, во евра тоа е рамно на 21 милиони евра.
Со
ова „Макпетрол“ се најде на шестата позицја. Ако се направи споредба со една
година претходно, тоа е намалување за 6 отсто, но мора да се има предвид дека
во 2021 година во добивката на компанијата влегоа и средствата земени од
продажбата на делот на ГА-МА на Владата, така што лансиот резултат се смета и
за повеќе од одличен.

Седмото
место според профитабилност го доби „Макстил“,
челичарскиот гигант
на земјава. Таа компанија која минатата година успешно
се справи со значајно повисоките трошоци на работење, остварувајќи чиста добивка од дури 1,1 милијарди денари или 17,5 милион
евра.
„Макстил“ за лани го има еден од најсилните порасти н добивката,
бидејќи таа е зголемена за дури 27 проценти во однос на една година претходно.

И
осмо место е за компанија која исто така успешно се носеше со сите предизвици
на минатогодишното работење, а тоа е скопската
Цементарница УСЈЕ, Нејзиниот профит лани беше на ниво од една милијарда денри
или 16,7 милиони евра,
што е сепак намалување за 12,6 проценти во однос на
2021 година.

ТАБЕЛА

Стопанска банка Скопје   39,7 милиони евра

НЛБ Банка  39,6
милиони евра

Комерцијална банка   35,3 милиони евра 

Македонски телеком  24,4 милиони евра

Алкалоид   23,8 милиони евра

Макпетрол  21  милиони евра

Макстил  17,5
милиони евра

Цементарница УСЈЕ  16,7 милиони евра

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши своето учество на маратонската трка во рамки на Европското првенство во Бирмингем, освојувајќи го

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред исчезнувањето повеќепати баравме помош

16/08/2026

Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, со јавна реакција побара одговорност од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy