Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 BOOKING НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Што значи тоа за вработените и корисниците
Економија

BOOKING НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Што значи тоа за вработените и корисниците

14/11/2024

AA

Платформата за
резервации за сместување Booking.com најави реорганизација на своето работење,
сигнализирајќи дека може да има кратење на работните места.

Анализата на
бизнисот штотуку започна, а конкретна одлука се уште не е донесена, објавија
преку е-маил компанијата, членка на групацијата Букинг холдингс.

– Тоа е тежок, но
неопходен проактивен чекор кој треба да ја гарантира агилноста на Booking.com
во многу конкурентен сектор и иновации ориентирани кон клиентите – се вели во
соопштението.

На крајот на
минатата година, Букинг Холдингс вработуваше околу 23.600 луѓе, според
годишниот извештај на групацијата, кој не вклучува посебни податоци за
Booking.com.

Во петокот, групацијата,
во поднесокот американската Комисија за хартии од вредност (SEC) напиша дека ќе
даде повеќе детали за временската рамка на реорганизацијата и нејзиното
веројатно влијание врз вработените и финансиите „во догледно време“.

– Веруваме дека
овие напори ќе ја подобрат ефикасноста на оперативните трошоци, ќе ја подигнат
организациската агилност на повисоко ниво и ќе ослободат ресурси за инвестирање
во дополнително подобрување на нашата понуда до патниците и партнерите – се
вели во поднесокот.

Букинг холдингс
додаде дека како дел од реорганизацијата, ќе ги модернизира процесите и
системите, како и ќе ги оптимизира набавките.

Во анализата се
вклучени само Booking.com, а не и други брендови како Priceline, Agoda, Kayak и
OpenTable, истакна портпаролот на компанијата.

Кон крајот на
октомври, Букинг холдингс објави дека вкупните оперативни трошоци во третиот
квартал биле за 14,3 отсто повисоки од минатата година, достигнувајќи 4,8
милијарди долари.

Вкупните приходи
се зголемија за девет отсто на 7,99 милијарди долари. Бројот на ноќевањата е
зголемен за 8,1 отсто, на 299 милиони. Растот на приходите следеше по стапката
на бруто вредноста на резервациите која достигна 43,4 милијарди долари.

Нето добивката се
задржа на минатогодишното ниво и изнесува 2,5 милијарди долари.

Побарувачката во
Европа и многу азиски земји за патувања во странство беше стабилна и компензира
за послабите резултати во сегментот на домашни патувања во САД и Кина поради
послабата лична потрошувачка во услови на макроекономски тешкотии.

фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
Македонија

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има

26/08/2026
Македонија

48-годишен маж од Прилеп во повеќе наврати извршил обљуба врз

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45274
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да застанете на 10 минути само

26/08/2026

Од 1 септември стапуваат на сила нови правила за сообраќај и паркирање на пристапната улица пред терминалната зграда на Меѓународниот

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во Скопје

26/08/2026

Граѓаните од денеска можат во секое време и на едно место да ја следат епидемиолошката состојба со западнонилската треска во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy