
Бонџорно ја прекина црната серија на Торино
Лече беше подобар противник на теренот и создаде повеќе посериозни шанси, но не искористи ниту една од нив, а казната пристигна во 41. минута кога Бонџорно го постави конечниот резултат (1-0).
Торино има 12 бодови и се наоѓа на 13. место, додека Лече е десетти со 13 бода по 10 одиграни меча.